Американскиот Конгрес дозволи хомосексуалци да служат слободно војска

US Congress building

Американскиот Конгрес денеска изгласа да се укине забраната за хомосексуалците да служат слободно војска, со што е ставено крај на 17 годишната политика „не прашувај, не кажувај“. Претходно предлог помина во Претставничкиот Дом, каде пратениците извршија притисок побрзо да се заврши работата пред да стартува новиот состав на Конгресот во јануари. Претседателот Барак Обама изјави дека со нетрпение очекува да ја потпише забраната на стариот законот.