Штрајк со глад за неменување на името на Македонија

Протести против промена на името 17 Aприл 2010

Неменување на името на Македонија е главната цел на штрајкот со глад што вечерва започнува во просториите на библиотеката „Браќа Миладиновци“ од страна на претставници на новоформираното Здружение за неменливост на името Македонија.
Пораката од протестот, според претседателот на здружението Ѓорги Филев, не е упатена до македонските и грчките политичари, туку кон позитивната енергија на сите луѓе кои ја имаат во себе.
Од здружението најавуваат дека предупредувачкиот штрајк ќе трае 24 часа, а се подготвени да одржат втор штрајк од 48 часа, како и трет без временско ограничување.