Дел Понте со подршка до ЕУЛЕКС за истрагата на Косово

Дик Марти го поднесува извештајот во Париз

Поранешниот главен обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте ја повика меѓународната заедница да ја поддржи ЕУЛЕКС во спроведувањето на детална истрага и го поздрави извештајот на известувачот Дик Марти во кој се наведува дека косовскиот премиер Хашим Тачи бил шеф на мафијашка група за трговија со човечки органи.
Известувачот Марти ја почна истрагата по објавувањето на книгата на Карла Дел Понте „Лов - јас и воените злосторници“, во која поранешната главна обвинителка на Хашкиот трибунал наведува дека поради притисокот од надвор не можела да ги истражи злосторствата извршени од високи косовски функционери врз заробени Срби, кои се носени во Албанија и потоа убивани поради трговија со човечки органи.