Премиерот на Кина во посета на Пакистан

Премиерот на Кина Вен Џибао

Кинескиот премиер Вен Џибао денеска треба да пристигне во Пакистан. Цел на неговата посета е зајакнување на трговската размена меѓу двете земји.
Предвидено е потпишување на договори „тешки“ 14 милијарди американски долари.
Вен патува за Исламбад по дводневна посета на Индија, каде потпиша трговски договори вредни над 16 милијарди американски долари.