Израелски шпионски уреди во планините над Бејрут

Либанската армија соопшти дека пронашла два израелски шпионски уреда во планините над главниот град Бејрут. Армијата соопшти дека со уредите, меѓу кои и ласери со домет од 20 километри, Израел можел да ги набљудува местата означени за напад.
Кратко по објавата израелски воени авиони во низок лет надлетаа над градови во јужен Либан.