Двајца косовски Албанци уапсени за воени злосторства од 1998 година

Еулекс соопшти дека припадници на специјалната едниница на косовската полиција и Еулекс денеска уапсиле двајца косовски Албанци осомничени за воени злосторства извршени во 1998 година. Во соопштението е наведено дека осомничените се уапсени во призренскиот регион. Тие се обвинети за терор, насилно раселување на цивили и застрашување во Ораховци и околните села од 17до19 јули 1998 година.