Пожар во фабрика во Бангладеш, 20 лица загинале

Најмалку 20 луѓе загинале а над 100 се повредени при пожар што избувна денеска во текстилна фабрика во Бангладеш. Се уште не се познати причините за настанувањето на пожарот.Претставници на фабриката соопштија дека за време на избувнувањето на пожарот во објектот имало илјадници работници, претежно жени. Новинските агенции јавуваат дека војниците од воената база што се наоѓа во близина на фабриката се вклучиле во спасувачката мисија.