САД загрижени за корупцијата во Узбекистан

Американските дипломатски телеграми објавени на интернет страницата Викиликс покажуваат дека Соединетите држави биле загрижени за корупцијата во Узбекистан и за врските на узбекистанската влада со организираниот криминал. Во еден од докментите се наведува и тоа дека претседателот Ислам Каримов се заканил дека ќе ја прекинe соработката со Соединетите држави доколку Вашингтон не престане да ја критикува состојбата со човековите права во Узбекистан.