Изборите во Косово се одвиваат без проблеми

Kosovo -- Election activists prepare ballot boxes at the counting centre in Kosovo Polje, 11Dec2010

Најголемиот дел од гласачките места за вонредните параламентарни избори се отворени и гласањето се одвива без проблеми соопшти Централната изборна комисија во Косово. Парламентраните избори во земјата ги обезбедуваат околку 6 илјади полицајци. Во изборниот процес учествуваат 32 илјади набљудувачи од кои речиси 500 се претставници на меѓународните организации.На парламентарните избори учетвуваат 29 политички субјекти од кои 8 му припаѓаат на српското малцинство во Косово. Од 120-те пратенички места 10 се загарантирани за косовските Срби а други 10 се за останатите малцинства во земјата.