Холбрук е во критична здравствена состојба

Американскиот специјален претставник за Авганистан и Пакистан Ричард Холбрук е во критична здравствена состојба и се наоѓа во болница во Вашингтон. Потпаролот на Стејт Департментот Филип Кроули изјави денеска дека утрово Холбрук бил опериран и неговата состојба се уште е критична. Повеќе детали не се соопштени.