Обама: Договорот со Републиканците е далеку од совршен но добар е

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека неговиот договор со Републиканците за даночните намалувања е далеку од совршен но е добар договор за Американците. Демократите не се согласуваат со договорот на Обама, затоа што сметаат дека планот за даночното олеснување е дарежлив кон богатите .Обама изјави дека договорот ќе им помогне припадниците на средната класa за да бидат поштедени од економски потешкотии. Тој додаде дека верува дека следната недела Конгресот по расправата за договорот ќе „ја направи вистинската работа“.