Меѓународна осуда за Израел

ЕУ, САД и Арапската лига го осудија Израел по одлуката да продолжи да гради во доселеничките населби и со тоа ги урива напорите за мир на Блискиот Исток. Палестинскиот претседател Махмуд Абас повтори дека не се враќа на преговарачка маса ако Израел не престане да ги проширува доселеничките населби на Западниот Брег и во Источен Ерусалим. Во меѓувреме во Вашингтон, израелските и палестински претставници одвоено разговараат со американската државна секретарка Хилари Клинтон.