Барањето на опозицискиот СДСМ за предвремени избори и подоцнежната одлука на ВМРО-ДПМНЕ да не се прифатат, главна вест во медиумите изминативе денови.
Или немаат добри извори, или некој од изворите намерно си поигра во неделата вечерта со некои телевизии кои објавија неофицијална вест дека Груевски ќе ја прифател фрлената ракавица од Црвенковски за предвремени избори.
Како и да е, на веб-страниците на домашните телевизии денеска осамна веста дека доцна синоќа Извршниот комитет на владејачката партија не ја прифатил идејата за предвремени избори.
Инаку главната информација и во електронските и во пишаните медиуми неделава што помина беше протестниот марш на здружената опзиција,предводена од СДСМ, низ скопските улици. Опозициски настроените весници, со фотографии на лидерот Црвенковски и најтесното раководство на партијата како го носат црвениот транспарент со основното барање - предвремени избори, главно ги објавија трите барања што пратеничката група на СДСМ по маршот ги поднесе во Собранието, а насловите гласеа: во Утрински - „Протестен марш на опозицијата“; во Дневник - „Пред избор за избори“; во Време - „Народот сака избори“...
Провладиниот Вечер со: „Бранко од улица повика на избори!“, при што поентата е новинарската проценка дека на протестот присуствувале 10 до 15 000, како што пишува, приврзаници на СДСМ од кои огромно мнозиство биле од внатрешноста донесени со автобуси.
Во неделата вечерта, на Сител ТВ гостуваше премиерот кој исто така оцени дека не присуствувале повеќе од 8 000 луѓе. Другите медиуми ја објавија партиската проценка на СДСМ дека во маршот учествувале повеќе од 50 000 граѓани од цела Македонија и од Скопје.
Нова Македонија, во насловот објави: „Црвенковски: Ајде на избори“.
Вечер продолжува со следење на контактите помеѓу Сопственикот на А1 ТВ, Рамковски и лидерот на СДСМ, Црвенковски, па објави дека, „Бранко му ја плати сметката на Велија“, поточно за заеднички ручек во еден од скопските ресторани.
Утрински со наслов: „Полицајците не употребиле сила во бурната ноќ“, објави дека Секторот за внатрешна контрола на МВР ја одбилпретставката на осумтемина новинари од А1 ТВ дека полицајците незаконски и непрофесионално постапиле во познатата драматична ноќ на улицата Перо Наков бб.
Внимание привлекува информацијата во Дневник, дека пет Македонци заедно годишно трошат колку еден Европеец и дека со куповна моќ од само 2 492 евра на жител, Македонија е на самото дно во Европа според потрошувачкиот потенцијал. Во регионов, само Босанците се зад Македонците.
Како и да е, на веб-страниците на домашните телевизии денеска осамна веста дека доцна синоќа Извршниот комитет на владејачката партија не ја прифатил идејата за предвремени избори.
Инаку главната информација и во електронските и во пишаните медиуми неделава што помина беше протестниот марш на здружената опзиција,
Дневник: Пред избор за избори.
Провладиниот Вечер со: „Бранко од улица повика на избори!“, при што поентата е новинарската проценка дека на протестот присуствувале 10 до 15 000, како што пишува, приврзаници на СДСМ од кои огромно мнозиство биле од внатрешноста донесени со автобуси.
Вечер: „Бранко од улица повика
на избори!
Во неделата вечерта, на Сител ТВ гостуваше премиерот кој исто така оцени дека не присуствувале повеќе од 8 000 луѓе. Другите медиуми ја објавија партиската проценка на СДСМ дека во маршот учествувале повеќе од 50 000 граѓани од цела Македонија и од Скопје.
Нова Македонија, во насловот објави: „Црвенковски: Ајде на избори“.
Вечер продолжува со следење на контактите помеѓу Сопственикот на А1 ТВ, Рамковски и лидерот на СДСМ, Црвенковски, па објави дека, „Бранко му ја плати сметката на Велија“, поточно за заеднички ручек во еден од скопските ресторани.
Утрински со наслов: „Полицајците не употребиле сила во бурната ноќ“, објави дека Секторот за внатрешна контрола на МВР ја одбил
Утрински весник: Полицајците не употребиле сила во бурната ноќ.