ВМРО ДПМНЕ ќе го рaзгледува барањето за предвремни избори

Извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска на седница ќе го разгледува барањето на опозициската СДСМ за предвремени парламентарни избори. Директорот на Центарот за комуникации на партијата, Илија Димовски по вчерашната консултативната средба на владејачката коалиција „За подобра Македонија“ изјави дека тие ги анализирале сите барања на СДСМ и ги разгледале околностите од повеќе агли.