Главниот обвинител на Хашкиот Трибунал Серж Брамерц пред Советот за безбедност на Обединетите Нации изјави дека Србија го држи клучот за апсењето на Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ и дека Белград мора да направи повеќе во таа насока. Во неговиот извештај за соработката на Србија со Хашкиот Трибунал Брамерц истакнал дека е загржен поради пропустот на Србија да ги уапси обвинетите. Тој додава дека српските власти мора да го надминат јазот меѓу изразувањето спремност за апсење и оперативна акција по тој план.