Нивото на реките во БиХ се намалува

Босанската управа за цивилна заштита соопшти дека се уште е лоша состојбата со поплавите во населбите околку реката Сава, додека реката Дрина се повлече во своето корито. Околку 300 луѓе се уште не се вратиле во своите домови. Во поголемиот дел од земјата состојбата се подобрува , нивото на водата во реките е во благо опаѓање.