Телефонски разговор Обама - Џинтао за Северна Кореја

Белата Куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама телефонски разговарал со кинескиот лидер Ху Џинтао за тензиите на Корејскиот Полуостров. Обама побарал од Џинтао да работи со Соединетите Држави и со другите земји за да биде испратена јасна порака до Северна Кореја дека нејзините провокации се неприфатливи. За ситуацијата на Корејскиот Полуостров, денеска во Вашингтон, ќе разговараат шефовите на дипломатиите на Соединетите Држави, Јапонија и на Јужна Кореја. Инаку, денеска Јужна Кореја започна неколкудневна воена вежба за која Северна Кореја оцени дека може да предизвика натамошно заострување на тензиите.