Муслиу од ДУИ нов градоначалник на Зајас

На вчерашните предвремени избори за градоначалник на општина Зајас, од 10.047 избирачи, запишани во Избирачкиот список, гласале 4.587 лица, односно одзивот бил 45,66 насто, соопшти Државната изборна комисија. Од тоа, за единствениот кандидат за таа функција, Мусли Муслиу од ДУИ, гласаа 4545, а 42 гласачки ливчиња се неважечки.