Најмалку 4 лица загинаа во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека најмалку 4 лица загинале денеска при експлозија на бомба во воена база во источниот дел на земјата. Во соопштението е наведено дека бомбата експлодирала во трговскиот дел на воената база, па не е јасно дали загинатите се цивили или војници. Талибанците ја преземаа одговорноста за нападот.