Обединетите Нации денеска побараа хуманитарна помош за Авганистан во вредност од 678 милиони долари. Координаторот на мисијата на ОН во земјата Кетриј Браг денеска изјави дека се надева оти до 2011-та година хуманитарната помош ќе стигне до повеќе луѓе со оглед на тоа што во земјата има над 7 милиони кои живеат во страв дека ќе умрат од прегладнетост.
Барањето на ОН следува по предупредувањето на Меѓународниот Комитет на Црвен Крст дека хуманитерната ситуација во земјата ќе се влоши доколку авганистанската влада и Талибанците не дојдат до договор за спречување на понатамошното насилство.