Навивачи на Партизан ја нападнале управата на Црвена Ѕвезда

Српската полиција соопшти дека денеска во Белград привела 30 хулигани кои ги нападнале вработените во фудбалскиот клуб „Црвена Ѕвезда“. Според полициското соопштение околу 150 навивачи на „Партизан“ ја каменувале северната страна на клупскиот стадион. При денешниот инцидент нема повредени. Вработените во управата на клубот „Црвена Ѕвезда“ велат дека навивачите на „Партизан“ дошле на стадионот вооружани со мотики, секири, камења и ланци.