Прилепската итна служба во дефект

Засега нема нови возила за прилепската итна служба чии три возила се крајно амортизирани и често во дефект.
Ниту Здравствениот дом во чии рамки функционира, ниту ресорното Министерство не обезбедија средства за набавка барем на едно возило за прилепската служба за итна медицинска помош, и покрај реакциите на вработени, загрижени за својот и животот на пациентите, зашто сите 3 возила се крајно амортизирани и често во дефект.
Министерството му препорача на Здравствениот дом ако има сопствени средства да ја реализира набавката, а Здравствениот дом очекува од
Бевме ужаснати кога ги видовме снимките посебно на медиумите во каква состојба се возилата на брза помош во Прилеп и како оператор излеговме во пресрет да донираме дополнително една ваква опрема на
Прилеп.
Министерството идната година да го реши проблемот во рамки на групната набавка на амбулантни возила за сите служби во државата.
И во овој статус кво страдаат најмногу пациентите. Но, сепак стигна донација во современа опрема од еден телекомуникациски оператор:

Прилепската итна служба

„Бевме ужаснати кога ги видовме снимките посебно на медиумите во каква состојба се возилата на брза помош во Прилеп и како оператор излеговме во пресрет да донираме дополнително една ваква опрема на Прилеп. Јас се надевам дека и другите компании и институции ќе го следат нашиот пример и дека ќе помогнат на општина Прилеп“, изјави Виктор Доневски, претставник на компанијата.

Донацијата на медицинска опрема наменета за амбулантите возила содржи носилки, универзални имобилизатори, термален душек, столица за транспорт на пациенти по скали и други медицински реквизити.

Според надлежните во Итна помош оваа современа опрема значително ќе ја олесни работата на медицинскиот персонал, но и ќе ја зголеми здравствената заштита и безбедност на пациентите при транспортот.

„Оваа опрема што ја добивме секако ќе се најде многу, особено во работата на терен, сепак нашата основна работа е работа на терен, работа на итен повик, при сообраќајни несреќи, паднати лица, повредени, тешко болни... Нешто што најмногу ни требаше е оваа универзална количка која
Оваа опрема што ја добивме секако ќе се најде многу, особено во работата на терен, сепак нашата основна работа е работа на терен, работа на итен повик, при сообраќајни несреќи, паднати лица, повредени, тешко
болни.
може да транспортира пациенти и седечки и лежечки и да се транспортира по скали. Инаку досега ние пациентите ги носевме буквално на раце од петти-шести спрат“, вели д-р Гоце Јонзоски, началник на Итна помош.

Освен оваа донација ниту една друга компанија од Прилеп не покажа интерес да се реши проблемот. Најави има,но не и конкретна помош ниту од Локалната самоуправа иако пред месец дена беше директно загрозен животот на еден пациент поради дефект на амбулантните возила.

„Средба со градоначалникот не остваривме, но имаме најави од таа страна, дека вложуваат напори да помогнат, сепак службата за итна медицинска помош е од интерес за градот, не е од личен интерес. Разговаравме и со директорот и на Управен Одбор, вложуваме напори да се купи возило, е сега таа работа како ќе ја реализира, кога ќе каже времето“, истакнува началникот д-р Јонзоски.

И не само возилата, службата кадровски не е екипирана со години, сместена е во стара руинирана зграда на која и е потребна итна реконструкција. Проблемите се многубројни, бараат сериозен пристап, но недостигот на пари не се знае до кога ќе го пролонгира решавањето на проблемите, иако итна помош е служба од витално значење за градот.