Викиликс на швајцарски домен

Веб страницата Викиликс денеска беше принудена да се префрли на швајцарски домен откако по новата рунда хакерски напади американскиот провајдер на домени и ја откажа услугата. Викиликс деновиве почна да објавува доверливи телеграми на американската дипломатија.