Клинтон - сите се загрижени од иранската нуклеарна програма

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави денеска дека загриженост на САД за иранската нуклеарна програма, ја делат и неговите соседи. Клинтон ова го изјави во Бахреин каде што учествува на така-наречениот Манама дијалог, посветен на безбедноста на Блискиот Исток.