Мундијалот во 2018 во Русија, а во 2022 во Катар

Рускиот премиер Владимир Путин и претседателот Дмитриј Медведев на квалификацискиот меч Русија-Германија во Москва на 10 октомври 2009 година

Русија ќе биде домаќин на Светското фудбалско првенство во 2018. Мундијалот во 2022 изненадувачки му припадна на Катар, иако букмејкерите типуваа на САД.

Најсилниот противкандидат на Русија, Англија не ја доби организацијата на Мундијалот и покрај тоа што на денешното гласање во Светската фудбалска федерација ФИФА во Цирих, во знак на подршка на англиската кандидатура се појавија и британскиот премиер Дејвид Камерон, принцот Вилијам, како и фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам.

Во трка за организација на Светското првенство во 2018 беа и заедничките кандидатури на Шпанија и Португалија, односно Белгија и Холандија.
За Мундијалот во 2022, пак, се бореа САД, Катар, Јапонија, Јужна Кореја и Австралија.