Протестот на СДСМ не е за Рамковски, ако згрешил нека одговара

Претседателот на опозициската партија СДСМ Бранко Црвенковски денеска изјави дека неделниот протестен марш не е за спас на Велија Рамковски и ако тој човек го прекршил законот треба и мора да одговара. Тој додаде дека како партија секогаш ќе реагираaт кога се газaт медиумите и слободата на јавно изразување затоа што, како што вели, А1, Шпиц, Време, Коха е ре се многу повеќе од Велија Рамковски. Црвенковски вели дека целта на собирот не е насилно влегување во Парламентот и во Владата, иако можат , не сакаат и нема да го направат затоа што битката за заминување на оваа власт партијата ќе ја водат преку институциите на системот со предвремени парламентарни избори.