Шведскиот суд не се откажува од потерницата по Асанж

Шведскиот суд ја одби жалбата на адвокатот на основачот на Викиликс, Џулијан Аснаж против налогот за негово апсење и издадената Интерпол потерница. Асанж, кој е осомничен за сексуален напад врз две жени во Шведска ги отфрли обвинувањата.
Неговиот адвокат смета дека налогот за апсење е дел од кампањата што се води против неговиот клиент по објавувањето на тајни докиументи на интернет страната Викиликс. Локацијата на Асанж се уште е непозната но британскиот весник „Индипендет“ објави дека британската полиција знае каде се наоѓа Асанж и го знае неговиот телефонски број. Британската полиција не ја потврди оваа информација.