Двајца војници на ИСАФ загинаа во Авганистан

НАТО денеска соопшти дека двајца припадници на коалиционите сили загинале од поставени бомби вчера и денеска на југот и на истокот на Авганистан. Засега не се знае националноста на војниците.
Над 670 странски војници загинаа во Авганистан оваа година.
Во земјата има 150 илјади странски војници.