Неформални средби на Иванов во Астана

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска на маргините на самитот на ОБСЕ во Астана имал кратки неформални средби со грчкиот премиер Јоргос Папандреу и со шефот на дипломатијата Димитрис Друцас, како и со претседателите на Србија Борис Тадиќ, на Албанија Бамир Топи и на Бугарија Георги Прванов. На средбите, како што брифираа претставници на Кабинетот на Иванов, биле разменети информации и мислења за актуелните состојби и за натамошните чекори во билатералната и регионалната соработка.