Заврши состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет на ЕУ и Македонија

На денешната седница во Брисел на Мешовитиот парламентарен комитет на ЕУ и Македонија е повторена препораката за почеток на преговори за членство на земјава во Унијата. Во однос на претстојниот попис во земјава, европратениците и македонските пратеници ги повикаа сите политички партии да создадат атмосфера за успешно спроведување.