Казахстан во Македонија гледа значаен перспективен партнер во регионот на Балканот, истакнал казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев на денешната средба во Астана со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Било оценето дека е неопходно двете земји да ја интензивираат политичката и економската соработка и да воспостават правна рамка преку потпишување повеќе билатерални договори. Иванов по разговорите со Назарбаев оценил дека треба да продолжат добрите релации и практики од времето на поранешните СФРЈ и СССР. Назарбаев го информирал Иванов за проектот за индустријализација на Казахстан, вреден 50 милијарди долари што треба да се реализира до 2014 година и упатил покана за вклучување и на македонската бизнис заедница.