Кина не сака нарушување на односите со САД

Кина денеска ги повика Соединетите Држави соодветно да се справат со објавувањето на американската дипломатска коресподенција на интернет страницата Викиликс. Портпарол на кинеското министерство за надворешни работи изјави дека Кина не сака нарушување на односите со Соединетите Држави.