Експлозија во главниот град на Киргистан

Агенциите јавија за експлозија во близина на владина зграда во главниот град на Киргистан, Бишкек. Двајца полицајци се полесно повредени, а засега нема информации за друга предизвикана штета. Експлозијата доаѓа пред посетата на Киргистан од страна на американскиот државен секретар Хилари Клинтон и еден ден откако безбедносните сили се судрија со исламски милитанти во јужниот дел на Киргистан.