Јужна Осетија бара откочување на демаркацијата на границата

Јужна Осетија се жали дека се одложува демаркацијата на границата. Претседателскиот претставник за пост-конфликтна превенција Борис Чочиев испрати писмо до специјалниот претставник на Европската Унија за Грузија Пјер Морел во кое се вели дека „ некои проблеми“ се уште го опстриураат обележувањето на границите. Чочиев истакна дека недоразбирањата со грузиската страна кои настанаа во присуство на набљудувачи на ЕУ во селото Дитс на 25 ноември може да доведат до сериозни инциденти.
Јужна Осетија се прогласи за независна држава по краткиот грузиско-руски воен конфликт во 2008-мата. До сега само неколку земји ја признаа неазвисноста на Јужна Осетија, меѓу кои Русија.