Реакција на МИМ за случувањата во А1

Македонскиот институт за медиуми оценува дека А1 телевизија синоќа била злоупотребена за интересите на соственикот и во политички цели. МИМ додава дека присуството на полицијата пред еден медиум може да се толкува како притисок врз слободата на медиумите. Вчерашните случувања се последица на состојбата во медиумскиот сектор што трае со години наназад и не е прв пат сопствениците да ги ставаат медиумите во служба на лични интереси, оценува МИМ.