Грузискиот вицепремиер ја повика Русија да биде „нормален сосед“

Грузискиот вицепремиер и министер за евроатлански интеграции Гиорги Барамиџ денеска во Прага изјави дека Русија не заслужува да биде домаќин на Зимските Олимписки игри во 2014-та. Тој додаде дека не верува оти духот на олимписките игри е во каква било близина на идеата за непочитување на меѓународното право и непочитувањето на човековите права. Во својот говор по средбата со чешкиот мминистер за надворешни работи Карел Шванцеберг, Барамиџ ја повика Русија да биде, како што вели, „ нормален сосед“.