Путин: ЕУ и Русија можат да ја подобрат економската соработка

Рускиот премиер Владимир Путин повикува на поблиска економска соработка на Европската Унија со Русија. Во интервју за гемански весник, Путун изјавил дека е можно наскоро да се создадат зони на слободна трговија и да се подобрат формите на економската интеграција. Тој додаде дека неопходните мерки вклучуваат влез на Русија во Светската трговска организација и укинување на визите за двете страни. Путин предупреди дека европската регулатива која се однесува на либерализацијата на енергетските пазари може да ја поткопа соработката.