Продолжуваат протестите во Украина

Продолжуваат протестите во Украина против даночните реформи. Околку 6 илјади луѓе денеска поставиле шатори во Киев непочитувајќи ја забраната за собири. Владата соопшти дека даночните реформи се неопходни за да се зголемат приходите за државата. Демонстрантите сметаа дека реформите ќе им наштетат на нивните мали бизниси и бараат од Претседателот да стави вето на предложените мерки.