Јужна Кореја презема мерки по нападите од Северна Кореја

Јужна Кореја ќе го зголеми своето воено присуство го западниот дел на земјата по нападите кои оваа недела ги изврши Северна Кореја . Од претседателскиот кабинет соопштуваат дека ваквата одлука е донесена на итната седница на Владата. Вашингтон соопштува дека Пјонгјанг го отфрли предлогот од страна наОН, да се водат преговори меѓу двете Кореи на офицерско ниво за да се олеснат тензиите.
Северна Кореја предупреди на дополнителни воени
напади ако Јужна Кореја повторно прави несовесно воени провокации
Премиерот на Кина Вен Џиабао ги повика сите страни максимално да се воздржат, додавајќи дека Кина се противи на
воени провокации во било каква форма.