Во Белгија уапсени нови 15 лица осомничени за тероризам

Белгиската полиција денеска во Брисел приведе 15 лица поврзани со истраги што се водат во Ирак и Авганистан. Апсењата следеа по тригодишна истарага за луѓе поврзани со белгискиот исламски центар, осомничени за тероризам. Белгиското обвинителство соопшти дека во главниот град извршиле рации во неколку домови за, како што се вели во соопштението„ уништување на група со терористички карактеристики“.
Претходно, белгиските власти соопштија дека во Белгија, Холандија и Германија се уапсени 10 лица осомничени за тероризам.