Средба Путин-Џиабао

Рускиот премиер Владимир Путин денеска во Санкт Петерсбург ќе се сретне со неговиот кинески колега Вен Џиабао. Руски официјални претставници соопштија дека главни теми на разговорите ќе бидат испораката на гас и граничните прашања, а ќе бидат потпишани и осум билатерални договори. Кина, која има најбрз економски раст во светот, се интересира да постигне пониска цена за рускиот гас.