Времето променливо со повремен дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди и со повремен дожд. Во претпладневните часови врнежите ќе бидат повеќе застапени во источните краишта на земјава. Попладне постепено врнежите ќе престануваат. Ќе дува умерен југозападен ветер кој повремено ќе се засилува. Утринската температура се движи од пет до 13, а дневната ќе биде од 11 до 16 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со услови за краткотраен слаб дожд. Ќе дува умерен повремено и засилен југозападен ветер. Утринската температура се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 15 степени.