Аиноски го оддржува копаничарството во Охрид

Копаничарско дело

Копаничарот Кочо Аиноски чии дела красат многу цркви, но и домови на туристи од целиот свет, преку својата работа придонесува за зачувување на копаничарството во Охрид.
Охридскиот копаничар Кочо Аиноски, кој 20 години активно се занимава со резбарство, ученик на старите копаничари од надалеку познатата Охридска резбарска школа, неодамна заедно со уште шестмина негови колеги од Охрид доби уверение од еснафското здружение за заслуга на старите мајстори кои придонеле да се одржи копаничарството во Охрид и Македонија. Аиноски,
Ние се трудиме да ја продолжиме оваа традиција што ја имаат старите мајстори започнато, така да ги подучуваме и младите кои сакаат да го научат овој занает
самоук копаничар, кој тајните на овој занает и уметност ги купувал од постарите резбари, негувајќи ја традицијата на длаборезот, досега од дрво има изделкано повеќе стотици дела, кои освен во домовите и канцелариите на Охриѓани, се наоѓаат и во Бугарија, Германија, САД, Австралија, Јапонија и други земји во официјални институции и кај познати личности, кои ги понеле како автентичен сувенир од Охрид.

,,Ние се трудиме да ја продолжиме оваа традиција што ја имаат старите мајстори започнато, така да ги подучуваме и младите кои сакаат да го научат овој занает. Правилата се да се зачува истиот нацрт цртеж што е направен за резбата. Како материјали ги користиме оревот, дрвото треба да е суво, цртежот да е соодветен на големината на резбата."

Вели Аиноски, кој ги открива и најбараните мотиви на пазарот.

,,Најчесто се бараат цветните мотиви, плитката резба која е поевтина и подостапна за купувачите. Инаку, се купува и т.н. скрозирана резба која е доста побогата резба на која се прикажува доста добра пластика на цветните
До сега опстојувавме многу добро, но како што доаѓа времето, е се послабо. Но, ние се трудиме да се одржиме..
мотиви, флората и фауната."

Вели Аиноски, кому за изработка на една резба со големина од 10 на 10 сантиметри му е потребен еден ден, а времето се зголемува колку што е резбата подлабока. Дали може да се живее од копаничарство во ова кризно време, го прашавме Кочо кој има дуќан со резба во стариот дел на Охрид, кој е најпосетен од туристите.

,,До сега опстојувавме многу добро, но како што доаѓа времето, е се послабо. Но, ние се трудиме да се одржиме. Најчести купувачи се оние кои сакаат да однесат вреден подарок на слава, свадба, на некој близок пријател, роднина, спомен од Охрид, имам доста нарачки за иконостаси, делoви за мебел, орнаменти и слично."

Вели Аиноски, кој со резба сака да се занимава додека му мрдаат прстите на рацете. Според него по масовното враќање кон овој занает како извор на живот пред една две децении, младите и сега се интересираат за учење на резбарството, за што има иницијатива за обновивање на Охридската резбарска школа, со што поквалитетно би се продолжила традицијата на негување на еден од највредните симболи на Охрид.