Викиликс на Твитер најави дека ќе објави нови тајни документи

Викиликс најави дека ќе објави 400 илјади тајни документи.Организацијата ова кратко соопштение го објави на социјалната мрежа Твитер каде се објаснува дека објавувањето на тајните документи ќе следува во наредниве неколку месеци. Во порака што Викиликс ја објави на Твитер неколку часа по соопштението се вели дека основачот Џулиан Асанж се соочува со „интезивни притисоци“ и правни проблеми во Шведска каде е обвинет, како што се вели во пораката, за наводна сексуална злоупотреба.