Илјадници еврејски жители денеска демонстрираат пред канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху против американскиот предлог за привремена забрана за градење на спорната населба. САД му предложи на Израел 90-дневна забрана за градење во Западен брег во замена за политички и воени бенефиции. Предлогот е дел од американските напори да ги стартуваат мировните израелско-палестинските разговори кои речиси еден месец се замрзнати откако истече претходниот договор.
Израел се уште официјално не одговорил на понудата.
Израел се уште официјално не одговорил на понудата.