Вооружена пресметка во Нагорно Карабах

Најмалку четворица војници загинале, а други четворица се ранети при вооружена пресметка во Нагорно Карабах, соопштија локалните власти. Во соопштението е наведено дека инцидентот се случил доцна синоќа и дека е отворена истрага за истиот.