Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов во своето обраќање на самитот на НАТО во Лисабон изјави дека верува оти постои позитивна клима за решавање на билатералниот спор со Грција и изрази уверување дека наскоро ќе се реши и овој проблем кој е едниствена пречка за влез на земјата во НАТО. Тој додаде дека македонските мировници ќе останат присутни во Авганистан се додека е неопходно