Лисабон - Русија дел од анти-ракетниот штит?

Лидерите на НАТО, се очекува, на денешниот втор ден од Самитот во Лисабон, да и предложат на Русија да учествува во развојот на анти-ракетниот штит. Ова ќе биде клучното прашање за дискусија кога на лидерите на НАТО денеска ќе им се приклучи и рускиот претседател Дмитриј Медведев. Засега не е јасно каква улога би можела да има Русија, која досега се противеше на американските планови за анти-ракетен штит во Европа, сметајки го закана за нејзината безбедност.