Груевски: Грција единствена причина што не сме во НАТО

,,Единствената причина поради која досега не сме примени во НАТО е блокадата од Грција заради уцената за промена на нашето име и идентитет, нешто на што ние се спротивставивме и за што бараме да се најде решение кое нема да направи крупна штета за државата, за граѓаните. Се надеваме дека во натамошните наши разговори и контакти ќе се најде такво решение., изјави денеска премиерот Никола Груевски, одговорајќи на новинарски пашања при денешната посета на Кичево. Според него, Македонија е присутна на самитот во Лисабон затоа што ги дели истите вредности со земјите членки на НАТО. ,,Од тој аспект ќе ја продолжиме нашата активност затоа што тоа е нашиот пат и нашата цел,, изјави Груевски.