Средба на Клинтон со шефот на авганистанската дипломатија

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, во Вашингтон разговараше со авганистанскиот министер за надворешни работи Залмаи Расул во врска со една од главните теми на самитот на НАТО, утре во Лисабон за тајмингот на повлекување на меѓународните сили од Авганистан. Соединетите Држави најавија дека постепеното повлекување на војниците од Авганистан би можело да почне од наредната година.